ВМРО-ДПМНЕ: СЈО работи по политичка нарачка на Заев
Според опозициската партија, цената на политичкото монтирано обвинение и политички мотивираното барање за притвор или одземање патна исправа, е предлогот сестрата на Катица Јанева за заменик - претседател на Комисијата за хартии од вредност.

Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, цената на политичкото монтирано обвинение и политички мотивираното барање за притвор или одземање патна исправа, е предлогот сестрата на Катица Јанева за заменик - претседател на Комисијата за хартии од вредност.
Со ова, под сериозен сомнеж се става независноста на институцијата. Заев ја држи државата во грч. Непотизмот и вработувањето по партиски клуч се начинот на кој функционира картелот.
Безредието мора да запре, бидејќи граѓаните заслужуваат подобро, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
