Тимоние: Имаме доверба во Македонија дека ќе ни се приклучи во европското семејство
Посочи на поддршката од Брисел за Македонија, но и на отворените прашања. Владините заложби се во насока на пристапување кон ЕУ, за прогрес и перспектива.

За францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, проширувањето на Унијата е принцип кој е прифатен од сите земји членки. Посочи на поддршката од Брисел за Македонија, но и на отворените прашања. Владините заложби се во насока на пристапување кон ЕУ, за прогрес и перспектива.
Ние имаме доверба во Македонија дека ќе ни се приклучи во европското семејство, порача францускиот амбасадор во МНР, каде со предавање беше одбележан Денот на Европа, 9-ти мај.
„Добредојдовте во клубот бидејќи вие поминавте, направивте еден значителен чекор со безусловната препорака. Но, тоа е само почетокот на еден пат. Добредојдовте до клубот за дискусија, кој исто така ја претставува ЕУ. Денот на Европа е голем ден за сите нас и во блиска иднина ќе биде заеднички ден. Франција ве придружува на овој пат“, рече амбасадорот Тимоние.
Годинава се одбежежува 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Франција.
