Средба Заев- Рот: Германска поддршка за Македонија
Западен Балкан како полноправен дел на Европа, нова страница во евроатлантските интеграции на Македонија. Влијателниот германски министер за европски прашања Рот на средба со премиерот Заев...

Западен Балкан како полноправен дел на Европа, нова страница во евроатлантските интеграции на Македонија. Влијателниот германски министер за европски прашања Михаел Рот на средба со премиерот Зоран Заев.
„Ја поздравувам заложбата на Владата за спроведување реформи. Особено е важно да се постигне напредок во однос на итните реформски приоритети. Евроатлантското приближување може да се случи само доколку постојано се работи на реформите. Препораката на комисијата да се започне со преговори за членство е резултат на силната заложба за реформи на вашата Влада“- нагласи Рот на денешната прес конференција.
„Заедничка констатација беше дека постигнатите резултати се исход на нашата безкомпромисна политичка волја за трајни реформи, за афирмација на вредностите како демократијата, владеењето на правото, независните институции и слободните медиуми. За овие резултати стигна и признанието во позитивниот извештај на ЕК“- изјави премиерот Заев.
Македонија е дел од Берлинскиот процес, афирмирана во пакетот за проширување на Европската комисија и средбата со Рот е дел од забрзаната динамика насочена кон евроатлантските интеграции за земјата.
