Седници на две парламентарни комисии
На дневен ред на првата комисија се Предлог - законот за енергетика во второ читање и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи во прво читање.

Во Законодавниот дом седници ќе одржат Комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика. На дневен ред на првата комисија се Предлог - законот за енергетика во второ читање и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за градежните производи во прво читање.
Собраниското тело за труд и социјална политика ќе одржи две седници. На првата, ќе биде разгледан извештајот на Законодавно- правната комисија по Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за вработување инвалидни лица во второ читање, а на втората ќе се одржи јавна расправа на тема „Потребата од заедничко родителство во Република Македонија, по развод и разделба“.
