Конференција „Brain Drain“: Перспективи на младите луѓе

14.05.2018 10:41

На конференцијата се најавени обраќања на министерката за образование и наука Рената Дескоска, раководителот на канцеларијата на Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Јоханес Раи...

Актуелните политики за справување со одливот на мозоци во земјите од Западен Балкан, како и мерките и идеите што ги претставија над 30 млади луѓе од овие земји на хакатонот што се одржа од 11-ти до 13-ти мај во Охрид, ќе бидат презентирани денеска на конференцијата „Бреин- дреин: Перспективи на младите луѓе“.

Конференцијата ја организира здружението Лид во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за европски студии.

На конференцијата се најавени обраќања на министерката за образование и наука Рената Дескоска, раководителот на канцеларијата на Фондација Конрад Аденауер во Скопје, Јоханес Раи и претставникот на Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии, Марина Булатовиќ.