Во „Тендери“ се презентираат доказите на СЈО и на одбраната

14.05.2018 13:05

Рочиштето почна со презентирање на листата докази од СЈО, а потоа е дадена пауза од половина час, по што ќе продолжи читањето на доказите.

На денешното судско рочиште за предметот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, на барање на одбраната треба да бидат презентирани дел од писмените докази, кои според адвокатите се од суштинско значење за предметот.

Рочиштето почна со презентирање на листата докази од СЈО, а потоа е дадена пауза од половина час, по што ќе продолжи читањето на доказите.

Во овој предмет, што се однесува на тендерот за изградба на „Музејот на македонската броба за државност и самостојност“, покрај поранешната министерка Канческа- Милевска обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки.