ВМРО-ДПМНЕ: Оваа Влада нема капацитет да ја води државата

14.05.2018 13:11

Според партијата, за првите три месеци во оваа година криминалниот картел ја задолжи државата за нови 300 милиони евра.

Најавеното ново задолжување во текот на утрешниот ден во износ од 16 милиони евра е уште еден показател дека оваа Влада на СДСМ нема капацитет да ја води државата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, за првите три месеци во оваа година криминалниот картел ја задолжи државата за нови 300 милиони евра.

За само две недели СДСМ ја задолжи државата и граѓаните за над 25 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.