ЕК: Не диктираме услови, останува на Македонија и на Грција да се договорат за името
Дали Јункер или Могерини стапиле во контакт со грчките пратеници и дали тие се подготвени да поддржат заемно прифатливо решение за спорот- новинарско прашање на редовниот брифинг на Европската комисија во Брисел...

Идното решение за името на ПЈР Македонија мора да биде одобрено од македонскиот Парламент, но дали Јункер или Могерини стапиле во контакт со грчките пратеници и дали тие се подготвени да поддржат заемно прифатливо решение за спорот- новинарско прашање на редовниот брифинг на Европската комисија во Брисел.
„Европската комисија не е дел од овие преговори. Тоа е процес предводен од Обединетите нации и на двете страни останува да се договорат. Се разбира претседателот Јункер, потпретседателот Хан и високиот претставник Могерини повикаа на постигнување на договор, но ние не диктираме услови. Јункер кажа во грчкиот Парламент за време на неговата неодамнешна посета, дека не е на него да сугерира или да дава инструкции, ова мора самите две страни меѓусебе да го решат“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритас Скинас.
