Евроинтеграции
Борисов: По 15 години повторно можност да се зборува за регионот
17.05.2018 12:39
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, најавува нови поттикнувања за земјите на Западен Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон Унијата.

Бугарија како претседавач со Европската унија е домаќин на самитот ЕУ- Западен Балкан. Бугарскиот премиер Борисов, порача дека по 15 години повторно се појави можност да се зборува на темата Западен Балкан во рамките на процесот за интеграција на шесте земји од регионот во Унијата.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, најавува нови поттикнувања за земјите на Западен Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон Унијата.
Брисел планира финансирање на десетина нови проекти поделени во шест групи, за побрза трансформација на регионот.
