ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт Македонија тоне

17.05.2018 12:41

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта декларативно се залага за евроатлантска интеграција, но ништо не презема за тоа. Реформите каскаат, додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните.

Република Македонија со СДСМ на власт тоне, економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската партија, истовремено безбедноста е нарушена, граѓаните не се чувствуваат сигурни, а правосудните органи не решаваат според закон, туку според диктат.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта декларативно се залага за евроатлантска интеграција, но ништо не презема за тоа. Реформите каскаат, додека власта ги враќа изборните долгови на штета на државата и граѓаните.

Од партијата за 2-ри јуни најавуваат народен протест пред Владата.