Пратеничката група на СДСМ во понеделник ќе го разгледа предлогот на Иванов за нов гувернер на НБРМ

17.05.2018 12:44

Ангеловска- Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка, вели во писмената изјава координаторот Томислав Тунтев.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, во понеделник на координација ќе го разгледа предлогот на претседателот Иванов, вицегувернерката Анита Ангеловска- Бежовска да биде новиот гувернер на Народна банка.

Пратеничката група на СДСМ позитивно гледа на новиот предлог. Ангеловска- Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област, ја заслужува нашата поддршка, вели во писмената изјава координаторот Томислав Тунтев.

Од владејачката партија очекуваат да се дојде до заедничко прифатливо решение.