Предлогот за владина реконструкција денеска ќе биде доставен до Собранието
Според последните информации, СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата што се под нивно раководство. Министерката за образование Дескоска ќе ротира во ресорот правда, а пак актуелниот заменик Арбр Адеми, ќе седне на министерското столче. Негов заменик ќе биде пратеникот Петар Атанасов.

Премиерот Зоран Заев денеска до Собранието ќе го достави предлогот за владината реконструкција. Имињата се утврдени. Се очекува до крајот на месецов, Парламентот да ги изгласа новите персонални решенија.
Според последните информации, СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата што се под нивно раководство. Министерката за образование Дескоска ќе ротира во ресорот правда, а пак актуелниот заменик Арбр Адеми, ќе седне на министерското столче. Негов заменик ќе биде пратеникот Петар Атанасов.
Новиот коалициски партнер БЕСА на Африм Гаши го доби Министерството за култура. Го предложија Асаф Адеми. ДПА за министер без ресор, задолжен за странски инвестиции го предлага Бардуљ Даути, а за заменик- министер во транспорт и врски, Мусадик Беќири.
