Кривичен суд
Денеска пресуда за „Триста“, утре за „Тенк“
22.05.2018 10:12
Специјалното обвинителство бара осудителна пресуда, а одбраната пак ослободување од обвинението.

Напладне ќе биде објавена пресудата за предметот „Триста“ во кој е обвинет поранешниот помошник- министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски за набавка на 300 возила.
Специјалното обвинителство бара осудителна пресуда, а одбраната пак ослободување од обвинението. Ѓоко Поповски е обвинет дека со јавната набавка на возилата за МВР го оштетил буџетот за над 453 илјади евра.
Утре, пак, пресуда и за предметот „Тенк“. СЈО побара судот да го прогласи за виновен поранешниот премиер Груевски и казна затвор. Обвинетиот Груевски наведе дека овие судски процеси против него се класично политички.
