Собрание на РМ

Надзорна расправа за природното и културното наследство на Охрид

22.05.2018 10:41

Статусот на Охрид, како град на листата на светско наследство на УНЕСКО е доведен во опасност. До 2019-та година Македонија треба да направи повеќе активности за заштита на Охрид и Охридското Езеро како светско културно и природно богатство.

Во Собранието надзорна расправа за природното и културното наследство на Охрид и охридскиот регион. Прва во овој пратенички состав. Таа е на иницијатива на владејачкото мнозинство, но е поддржана и од пратениците од опозицијата. Поканети триесетина сведоци, сегашни и поранешни раководни лица.

Статусот на Охрид, како град на листата на светско наследство на УНЕСКО е доведен во опасност. До 2019-та година Македонија треба да направи повеќе активности за заштита на Охрид и Охридското Езеро како светско културно и природно богатство.

Надзорната расправа треба да даде одговори од надлежните до каде е реализацијата на активностите во врска со идентификуваните проблеми во извештајот на мониторинг мисија на УНЕСКО и одлуката на Комитетот за светско наследство од Краков.