ВМРО-ДПМНЕ: Законите не важат за криминалниот картел на СДСМ

22.05.2018 10:47

Според опозициската партија, вчерашната судска пресуда не е правда, туку е неправда. Ваквата пресуда на судот внесува дополнителна несигурност кај граѓаните и чувство на немоќ против корумпираните моќници...

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа дека законите не важат за криминалниот картел на СДСМ, а нивните функционери слободно може да бараат поткуп и да тонат во корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, вчерашната судска пресуда не е правда, туку е неправда. Ваквата пресуда на судот внесува дополнителна несигурност кај граѓаните и чувство на немоќ против корумпираните моќници и се испраќа порака до сите неисомисленици дека судството стана главна политичка алатка на СДСМ за пресметка со сите оние кои не размислуваат како нив, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.