Инспекторатот дозволи бањско лекување во Катлановска бања

22.05.2018 11:55

До Катлановска бања е доставено ново решение, со кое се изрекуваат дополнителни мерки, согласно констатираната фактичка состојба и доставената дополнителна документација од нивна страна во изминатиот период.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат иницира усогласување на стандардите за згрижување на пациентите во Катлановска бања, како и во сите други бањи во државата.

До Катлановска бања е доставено ново решение, со кое се изрекуваат дополнителни мерки, согласно констатираната фактичка состојба и доставената дополнителна документација од нивна страна во изминатиот период.

Инспекторатот донесол решение со кое се дозволува згрижување лица, кои имаат потреба од бањско лекување. Задолжени се установите во најкраток можен рок да достават елаборати за простор, опрема и кадар, со посебен фокус на одделување на здравствената од комерцијалната дејност.