Димитров побара „мудрост и нерви“ пред средбата во Њујорк
22.05.2018 12:28
На својот Фејсбук профил побара поддршка за престојните разговори, кадешто на иста маса ќе седне со неговиот грчки колега Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц.

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“, напиша шефот на македонската дипломатија Димитров пред да отпатува за Њујорк. На својот Фејсбук профил побара поддршка за престојните разговори, кадешто на иста маса ќе седне со неговиот грчки колега Коѕијас и медијаторот Метју Нимиц.
Средбите се најавени за во четврток и во петок. Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар, Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог- „Република Илинденска Македонија“.
