Конкурс за „Сите наши песни 3“
„Сите наши песни“
(Трета сезона)
Зaпочнува третата сезона на големото музичко шоу – „Сите наши песни“ со најдобрите пејачи – аматери од Македонија!
Македонската телевизија ви нуди можност да одпеете една од „Сите наши песни“ овојпат, од богатата македонска фолклорна ризница, во придружба на народниот оркестар!!!
Ако сметате дека добро пеете и имате над 16 години, дозволете вашиот талент да го види цела Македонија!
Апликацијата за учество- преземете ја од веб порталот на македонската телевизија www.mrt.com.mk кадешто се наоѓаат и сите потребни информации за проектот, истата испратете ја на меилот [email protected] најдоцна до 07.03.2014 година.
Аудициите и селектирањето на кандидатите ќе се одржи во студиото на Македонската радио телевизија на 8- ми и 9 –ти март 2014-та година.
Бидете дел од екипите кои ќе се обидат да ја освојат големата награда во финалето!
Трета сезона на „Сите наши песни“ – проект на Македонската радио телевизија за заштита и афирмација на македонската народна музика.
Апликација за третата сезона на шоуто „Сите наши песни“
превземи: