Ангела Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

22.05.2018 14:11

Од Берлин само потврда за разговорот, но не и за темите и за деталите...

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Заев и Ципрас, информираат од прес- службата на Меркел. Од Берлин само потврда за разговорот, но не и за темите и за деталите.

Телефонската комуникација е само два дена откако македонскиот премиер Заев го соопшти предлог- решението за името „Република Илинденска Македонија“ а грчката Влада го отфрли и дека треба да се најде име со географска или временска одредница.