Метео: Променливо облачно и нестабилно време
22.05.2018 14:53
Локално се очекуваат поинтензивни процеси со услови за појава на невреме.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време. На повеќе места ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи.
Локално се очекуваат поинтензивни процеси со услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
