Познати имињата на новите министри
Премиерот Заев денеска до Собранието ќе го достави предлогот за владината реконструкција. Имињата се утврдени. Се очекува до крајот на месецов, Парламентот да ги изгласа новите персонални решенија. Според последните информации, СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата што се под нивно раководство...

Имињата утврдени, ќе бидат доставени до Собранието. До крајот на месецот се очекува собраниска седница за реконструкција на владата на премиерот Заев. Според последните информации, СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата што се под нивно раководство.
Министерката за образование Дескоска ќе ротира во ресорот правда, а пак, нејзиниот актуелен заменик Арбр Адеми ќе седне на министерското столче. Негов заменик ќе биде пратеникот Петар Атанасов.
Новиот коалициски партнер БЕСА на Африм Гаши го доби Министерството за култура, го предложија Асаф Адеми, но и две заменички места во труд и социјала и неофицијално во надворешни работи.
Веќе е обелоденето дека ДПА за министер без ресор, задолжен за странски инвестиции го предлага Бардуљ Даути, а за заменик- министер во транспорт и врски, Мусадик Беќири.
Откако имињата на новите министри ќе бидат доставени до Собранието, спикерот Џафери има рок од 15 дена да ја закаже пленарката за избор на реконструираната влада.
Миле Ристески
