Петгодишно девојче починало во Скопје
28.05.2018 11:00
Како што соопшти МВР, вчера во 15.36 часот од Градската општа болница „8-ми Септември” било пријавено во Единицата за информации и команда Скопје, дека кај нив било донесено починатото девојче.

Петгодишно девојче вчера починало во дворот на семејната куќа, сопственост на таткото А.С.М во Скопје.
Како што соопшти МВР, вчера во 15.36 часот од Градската општа болница „8-ми Септември” било пријавено во Единицата за информации и команда Скопје, дека кај нив било донесено починатото девојче.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото дете било предадено на обдукција.
