Зголемено нивото на Охридско Езеро за 19 сантиметри

28.05.2018 11:21

Според хидролошките мерења, нивоата на повеќето реки се во рамки на мајскиот просек, со исклучок на Црна и Треска...

Нивото на Охридско Езеро е 19 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското Езеро е 15 сантиметри повисоко.

Според хидролошките мерења, нивоата на повеќето реки се во рамки на мајскиот просек, со исклучок на Црна и Треска кои покажуваат поголеми отстапувања.