ЦО на СДСМ со поддршка на Заев да носи одлуки за спорот со името
Централниот одбор на Социјалдемократите му даде целосна поддршка на претседателот на партијата, Зоран Заев за разговорите и за носење одлуки во врска со спорот за името, информираат од оваа партија.
Вчеравечер Централниот одбор на Социјалдемократите му даде целосна поддршка на претседателот на партијата, Зоран Заев за разговорите и за носење одлуки во врска со спорот за името, информираат од оваа партија.
На одборот е разговарано и за актуелната политичка состојба во земјава, за спроведувањето на реформите и мерките од програмата, како и за внатрепартиските активности.
Постои можност за решение кое ќе треба да биде потврдено од граѓаните на референдум, рекол лидерот на партијата на вчерашниот состанок. Со тоа, според Заев, добиваме покана за членство во НАТО и почеток на преговори за членство во Унијата.
