НАТО ќе гарантира раст на економијата
Членството во НАТО ќе придонесе за растот на македонската економија, сметаат некои безбедносно- политички аналитичари на денешната конференција посветена на справувањето со тероризмот во Скопје. Очекуваат покана за прием на 12-ти јули...

Членството во НАТО ќе гарантира раст на економијата и привлекување на повеќе странски инвестиции, смета професорот Никола Дујовски кој очекува нашата земја на 12-ти јули да добие покана од Алијансата.
Додека трае ратификацијата на документот, вели Дујовски, земјата ќе биде исправена пред предизвикот да ги реформира институциите.
Аналитичарот Благоја Марковски смета дека членството во НАТО ќе биде голема придобивка за Македонија.
Во Скопје се оддржа научна конференција на која се разгледаа безбедносните прашања од аспект на внатрешните состојби и глобалните закани.
Анита Димитријевска