Димитров усно го информирал претседателот за разговорите за името, Иванов не прифаќа ерга омнес
Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас за што нема национален консензус во Република Македонија, изјавил на средбата македонскиот претседател. Од тие причини не прифаќам решение за името за севкупна употреба, го повторил уште еднаш ставот Иванов.

Како што беше најавено, во Кабинетот на претседателот се одржа средба меѓу шефот на државата Иванов и министерот за надворешни Димитров, за досегашниот тек на разговорите за името.
Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас за што нема национален консензус во Република Македонија, изјавил на средбата македонскиот претседател. Од тие причини не прифаќам решение за името за севкупна употреба, го повторил уште еднаш ставот Иванов.
Според претседателот склучувањето меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот, а не да предвидува измена на највисокиот правен акт на земјата. Иванов на средбата со димитров потсетил на фактот дека не му е доставен досега каков и да е писмен документ за текот на разговорите.
