Можностите за инвестирање претставени во Франкфурт

15.06.2018 10:47

Постои можност за влез на германски компании во Македонија, кои ќе придонесат за развој на економијата, но и кои ќе обезбедат пристојни плати за вработените, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Владин економски тим е во посета на Франкфурт. Пред германските инвеститори претставени можностите за инвестирање во Македонија. Компаниите покажале интерес за вложување во земјава и за продлабочување на економската соработка.

Постои можност за влез на германски компании во Македонија, кои ќе придонесат за развој на економијата, но и кои ќе обезбедат пристојни плати за вработените, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски.

Во Франкфурт сме за да ги презентираме можностите за инвестирање во Македонија. Има сериозни германски компании кои се заинтересирани да влезат во нашата земја, имајќи ја предвид позитивната насока во која се движи Македонија и нејзината добра фискална позиција, која ги поддржува инвестициите. Денеска разговаравме на различни теми од макроекономска стабилност, од фискалната позиција, можностите за водење бизнис, транспаретноста - која сериозно ја отворивме и која е препознаена од страна на релевантните меѓународни институции, како ЕУ, ММФ и Светска банка. Инвеститорите особено се интересираа околу понудата на работна сила која ја има Македонија. Ние истакнавме дека има можности овие компании да влезат во нашата земја и да придонесат и за развој на економијата, но и да обезбедат пристојни плати, рече министерот за финансии Тевдовски.

На инвеститорите им беа презентирани и поволностите за инвеститорите кои ги обезбедува Законот за финансиска поддршка на инвестициите, кои на транспарентен и еднаков за сите начин ги поддржуваат инвестициите.