Заев: Имаме историска шанса што не треба да ја пропуштиме

20.06.2018 12:39

Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече премиерот Заев во обраќањето пред пратениците...

Договорот означува почеток на крајот на неизвесноста за Македонија и претставува достоинствено и прифатливо решение за двете страни, со кое засекогаш се потврдува македонскиот идентитет и јазик, нагласи премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Законодавниот дом.

Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот, рече Заев.

Нагласи дека договорот е поддржан од сите меѓународни партнери, ги отвора портите на Македонија кон европска иднина. Заев очекува датум за преговори од Советот на ЕУ до крајот на месецов, со што, како што посочи, сонот станува реалност. Повика на обединување во интерес на заедничката иднина.

На седницата на која треба да биде ратификуван договорот со Грција не е присутна опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе побара толкување од Венецијанската комисија за утврдување на правната природа на договорот.