Меркел: Германија силно ќе го поддржи договорот меѓу Македонија и Грција

22.06.2018 14:24

Прмеиерот Заев прими писмо со честитки од канцеларката Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев прими писмо со честитки од Канцеларката на Сојузна Република Германија Ангела Меркел, во кое таа ја изразува својата радост за постигнатиот договор за македонско-грчкиот спор за името, соопшти владината прес- служба.

„Оваа спогодба го отвора патот за историски договор, и Вам и на Вашата влада срдечно Ви честитам за овој успех. Сојузна Република Германија со голем интерес ќе го следи спроведувањето на овој Договор и силно ќе го поддржи“, се истакнува во писмото со честитки до премиерот Заев од канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел.