Продолжува судењето за случајот „Монструм“

25.06.2018 10:57

На минатото судење беа сослушани тројца сведоци, кои на 12-ти април 2012-та година рибареле на Смилковско Езеро.

Во скопска единица продолжува судењето за случајот „Монструм“ со доказната постапка. На минатото судење беа сослушани тројца сведоци, кои на 12-ти април 2012-та година рибареле на Смилковско Езеро.

Сведоците потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското Езеро, каде често оделе да рибарат и објаснија пред судот што виделе и што чуле.

За петкратното убиство на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите. Сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по кои се распишани меѓународни потерници.