Практичен дел од стручниот испит за лиценца за работа во установи за социјална заштита
20.06.2018 15:48
Практичниот дел од стручниот испит за проверка на имплементација на стручното знаење за кандидатите кои имаат одобрено барање за обновување и стекнување со лиценца за работа во установи за социјална заштита, ќе се реализира во Испитниот центар на Правниот факултет на следниве термини:
- 20.06.2018 од 08.30 до 10.30 и
- 20.06.2018 од 10.30 до 12.30
Имињата на кандидатите и распоредот за времето на полагање, се објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика, во банерот Комисија за лиценцирање на стручни работници вработени во установи за социјална заштита.
Комисија за лиценцирање на
стручни работници вработени во
установи за социјална заштита
