Бектеши: Одобрени 1.300 барања за мерката бесплатен одмор

25.06.2018 13:21

Од ресорот велат дека одобрениот лимит од 30 милиони денари не е исполнет за што ќе следува нов оглас во август.

Одобрени 1.300 од вкупно 1.900 барања пристигнати до Министерсвото за економија за користење ваучери за одмор за работниците со ниски примања. Од ресорот велат дека одобрениот лимит од 30 милиони денари не е исполнет за што ќе следува нов оглас во август.

Првиот повик покажа дека интересот за субвенциониран годишен одмор е зголемен за 68 отсто. Работниците може да ги користат ваучерите во еден од 30-те хотели со кои имаме потпишано меморандуми за соработка и зависно од цената на аранжамните, да престојуваат кај нив, два, три или седум дена, истакна минстерот за економија, Бектеши.

Единствен услов за добивање поддршка за годишен одмор е семејството на работникот кој аплицира, да нема месечни приходи поголеми од 22.000 денари.

Мерката се реализира во договор со 30 хотели во земјава.