ВМРО-ДПМНЕ: Загрозени се националните интереси

26.06.2018 13:10

Според партијата, највисоките национални интереси се загрозени со капитулантскиот и срамен договор со Грција, а истовремено расипничката власт економски ги цеди државата и граѓаните.

Поради антидржавните политики на Заев, Македонија се соочува со национална катастрофа на политички и на национален план, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, највисоките национални интереси се загрозени со капитулантскиот и срамен договор со Грција, а истовремено расипничката власт економски ги цеди државата и граѓаните.

Заев отстапи од сите национални позиции кои ги бранеле претходните влади и политичари без разлика на нивната партиска определба. Се откажа од вековното име Македонија ставајќи ги на лицитација јазикот, националноста, културата и историјата.

Заев мора да сноси одговорност, а неговите антидржавни политики мора да бидат поразени, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.