СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се служи со лажни вести
Според владејачката партија, по таквото антидржавничко однесување, логично се поставува прашањето, дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или станува збор за намерна деструкција за Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните процеси.

ВМРО-ДПМНЕ со денови наназад се служи со измислици, невистини и лажни вести за постигнатиот историски договор со кој се решава 25- годишниот спор, што со децении ја влечеше земјава надолу.
Според владејачката партија, по таквото антидржавничко однесување, логично се поставува прашањето, дали во ВМРО-ДПМНЕ постои елементарно непознавање или станува збор за намерна деструкција за Македонија да остане изолирана држава, надвор од интегративните процеси.
Конечниот договор ги гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност, а се отвораат и европските перспективи. Македонија е пред историска шанса за добивање датум за преговри со ЕУ и покана за полноправно членство во НАТО, се вели во реакцијата од СДСМ.
