Во Тимјаник ќе се гради Дом за деца со посебни потреби

26.06.2018 13:15

Министерката Царовска вчера имала средба со градоначалникот на Неготино и со локалните жители. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање, изјави Царовска.

Недоразбирањата за домот за деца со посебни потреби меѓу надлежните и мештаните од Тимјаник се минато. Во селото ќе се гради мал групен дом, велат од ресорното министерство.

Министерката Царовска вчера имала средба со градоначалникот на Неготино и со локалните жители. Никогаш не се сомневав во хуманоста на нашите граѓани и верував дека првата несакана епизода е само недоразбирање, изјави Царовска.

Жителите дале поддршка за изградба на домот. Пред петнаесетина дена со протест се спротивставија на ваквата идеја.

Во тек е и кампањата-  На секое дете му треба семејство. Повеќе од 100 лица изразиле желба да згрижат дете, велат од ресорот социјална политика.