Обвинителството ја истражува сообраќајната несреќа во која загинаа двајца мигранти
Во товарното возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка.

Обвинителството работи на расветлување на околностите под кои се случи сообраќајната несреќа во којашто животот го загубија двајца мигранти, а повеќемина беа повредени. Во товарното возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка.
Возилото, кое се движело од Радовиш кон Штип, излетало од коловозната лента и со предниот дел удрило во метална ограда од надвозник. Оградата се скршила и го пробила возилото, навлегувајќи и во товарниот простор.
Двајца мигранти загинале, шестмина се здобиле со тешки телесни повреди, а 15 лица со полесни повредени. Возачот избегал и по него се трага.
„Ивекото“ е пратено на вештачење, а телата на загинатите се предадени на обдукција. Другите мигранти, откако им била пружена медицинска помош, се сослушани и се сместени во Прифатниот центар во Гази Баба. Дел се задржани на болничко лекување во штипската болница.
