Пендаровски: Утре чекаме официјална најава за покана во НАТО
Македонија утре чека официјална најава од седиштето на НАТО дека ќе ѝ биде доделена официјална покана на јулскиот самит, изјави националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски. Потенцира дека во изминатата година државава затворила три крупни стратегиски прашања- потпишувањето на Договорот со Бугарија, Законот за јазиците и Договорот со Грција за името...

Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел, на Македонија да ѝ биде доделена покана на Самитот на алијансата во Брисел на 11-ти и 12-ти јули, вели националниот координатор за НАТО, Пендаровски. Во изминатата година државава покажала исклучителен сенс за решавање на отворените прашања со соседите.
Иако 19 циклуси Македонија остана надвор од процесите, сепак покажа жилавост и се извлече од работ. После конфликтот во 2001-ва, следуваше добивање кандидатски статус за влез во ЕУ во 2005-та, за да 11 години потоа, поради, како што рече, автократскиот режим не добивме покана за НАТО.
Поранешниот пратеник и претседател на Евроатланскиот совет, Исмет Рамадани со критика до некои политички водачи, кои како што посочи, и да сакаат немаат друга опција од НАТО за да им ја понудат на граѓаните.
Говорниците на РОС- РОТ семинарот се согласија дека Македонија за една година успеала да затвори три крупни стратегиски прашања- договорите со Бугарија и со Грција и Законот за јазиците.
Сметаат дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 насто од граѓаните се за членство во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.
Фиљана Кока
