Потребни се реформи за справување со организираниот криминал и корупцијата

28.06.2018 14:57

Заврши проектот за зајкнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Македонија има историска шанса да покаже дека сериозно ги гони криминалците, вели директорот на проектот Андреја Д’ Анџело. Македонија продолжува со реформите согласно со извештаите на Европската комисија, вели министерот за внатрешни Спасовски.

Клучно во борбата со организираниот кириминал и корупцијата е конфискацијата на имотот на криминалците и враќање на парите во општеството, со што народот реално ќе ги почувствува придобивките на оваа борба. Според Директорот на проектот, Андреа Д’ Анџело, Македонија има шанса да покаже дека сериозно ги гони криминалците.

„Тоа е моментот во кој што луѓето почнуваат да ви веруваат. И мислам дека Македонија сега има шанса да го стори ова, постојат инстументи и ова е голем приоритет, да им се покаже на граѓаните дека системот сериозно ги гони криминалците и ги враќа парите кај народот, директно или индиректно, преку буџетот. Ова е предизвик, не само за Македонија, туку и наскаде. Ако не успееме во ова, тогаш не сме успале во ништо. Затоа што ако криминалците одат во затвор, но си го задржат имотот и останат богати, нема да се грижат. Ќе одат во затвор и ќе излезат, исти како и претходно“, вели Д’ Анџело.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја истака потребата од натамошни реформи, бидејќи согласно извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија, постојат структурни и опративни недостатоци во институциите за справување со корупцијата.

„Препораките ќе бидат сериозно земени предвид во нашето идно постапување, особено во идното програмирање на проекти финансирани во рамките на ИПА програмата. Би сакал да го истакнам задоволството од успешната имплементација на овој проект во кој се постигна крајната и општа цел“, рече министерот Спасовски.

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, исткна дека Министерството за правда и Владата имаат цврста заложба за што поскор влез во Европскта Унија и дека и во индина остануваат на цврстиот став за неопходни реформи во правосудните институции.

 

Марија Котовска