Средба Заев- Столтенберг, Македонија на јулскиот самит очекува покана за членство во НАТО
Македонија на јулскиот самит на НАТО очекува покана за членство. Заокружување на приемот, со ратификација на протоколот од земјите членки на Алијансата. Во седиштето на НАТО, средба Столтенберг- Заев...

Македонија на јулскиот самит на НАТО очекува покана за членство во Aлијансата. По одлуката за придружување ќе следува тримесечен скрининг период, па потоа покана за пристапување кон ратификација на протоколот од земјите членки на Aлијансата. Во седиштето на НАТО, средба на премиерот Заев со генералниот секретар Столтенберг.
Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11-ти и 12-ти јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со премиерот Заев во Брисел.
Столтенеберг го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција, оценувајќи го како огромно постигнување и пример за другите во регионот.
„Проблемот за името беше сенка над регионот долго време, но сега договорот е пример за сите на соработка. Вратата на НАТО е отворена, а вие сте на прагот. Сакаме да ја видиме Македонија во стабилен и просперитетен регион“, порача Столтенберг.
Нагласи дека без финализирање на договорот, Македонија нема да може да се приклучи во НАТО. Очекува граѓаните на Македонија да ја препознаат шансата и да ја искористат.
„Откако ќе бидат завршени сите обврски од договорот за името ќе станете член на НАТО. Без исполнување на договорот нема да може да станете дел од НАТО“, изјави Столтенберг.
Првиот човек на НАТО кажа дека верува оти земјата ќе биде поканета да почне пристапни преговори. Откако ќе ги завршиме пристапните преговори и ќе биде затворен договорот за името, тогаш земјата ќе стане полноправна членка, рече Столтенберг.
Премиерот Заев рече дека Македонија очекува да стане 30-та членка на НАТО, а нејзиното знаме да се развее пред седиштето на Алијансата. Истакна дека Македонија ја чека поканата од 2008-ма година кога беше заклучено дека ги ги испопклнува сите услови и стандарди за влез во НАТО.
