САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија

29.06.2018 10:16

Како пријател и партнер на Македонија, САД ѝ помагаат на македонската влада за успех во евроатлантските интеграции на земјата, се вели во соопштението.

Американскиот Стејт Департмент ја поздрави одлуката на Советот на Европската унија да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и со Албанија во јуни 2019-та година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот договор со Грција.

Како пријател и партнер на Македонија, САД ѝ помагаат на македонската влада за успех во евроатлантските интеграции на земјата, се вели во соопштението.

САД, исто така, го поздравуваат, како што велат, историскиот договор за решавање на прашањето за името, со што се зајакнуваат регионалната безбедност, просперитетот и заедничката европска иднина на двете земји.