Се очекува минимално намалување на цената на струјата
ЕВН побарале 9 насто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ, пак, намалување од 1,5 проценти. Од МЕПСО не навеле процент...

Се очекува мало намалување на цената на електричната енергија од август, но конечната одлука ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за денеска.
Оттаму брифираат дека ЕВН побарале 9 насто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ, пак, намалување од 1,5 проценти. Од МЕПСО не навеле процент. Од Регулаторната комисија најавија дека ќе се поедностави процедурата за приклучок на струја, но и дека има можност да се намали цената, која сега изнесува 500 евра, во општини кои имаат детален урбанистички план.
До септември треба да биде објавен и тендерот за избор на универзален снабдувач на електрична енергија.
