ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта констатирана и од ЕУ

29.06.2018 10:58

Неспособноста на власта е констатирана и од Европската унија, која јасно порача дека без суштински реформи државата нема да добие почеток на преговори...

Преговорите за членство во Европската унија не почнуваат, а Заев прифати бришење на името Република Македонија. Тоа е доказ дека обезличувањето на сопствената држава и народ не може да биде покритие за неспособноста, расипништвото и криминалот на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија, Зоран Заев ја распродава државата на надворешен план и ја уништува дома. Неспособноста на власта е констатирана и од Европската унија, која јасно порача дека без суштински реформи државата нема да добие почеток на преговори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.