СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех
29.06.2018 11:09
Во извештајот на Советот на Европската унија, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија...

Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Од владејачката партија велат дека Македонија доби кристално чист датум и утврден пат за подготовка за преговорите, што ќе почнат во јуни 2019-та година.
Во извештајот на Советот на Европската унија, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија, стои во реакцијата од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
