Судењето за „Титаник“ одложено за 16-ти август
Судијата Осман Шабани рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16-ти август.

Денешното судско рочиште за предметот на СЈО „Титаник“ е одложено за 16-ти август поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска која, како што извести нејзината адвокатка Сања Алексиќ е во болница по породувањето.
Судијата Осман Шабани рече дека обвинетата Јанкулоска има право 45 дена да не биде повикувана на судски рочоишта, поради што го одложи судењето за „Титаник“ за 16-ти август.
И минатото рочиште за „Титаник“ беше одложено поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкулоска, тогаш поради ризична бременост.
Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012-та година.
