Град Скопје почна постапка за набавка на нови 40 еко-автобуси

03.07.2018 13:50

Постапката е отпочната, тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе добие нови 40 еколошки автобуси на гас. Постапката е отпочната, тендерот се очекува да биде распишан на есен, а договорите за новите автобуси да бидат потпишани до крајот на годината.

Управниот одбор, со поддршка на ЈСП и на Град Скопје ја почна постапката за добивање кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 10 милиони денари со еден отсто камата.

Новите автобуси ќе трошат двојно помалку, а ќе емитуваат 90 проценти помалку ПМ честички.