Два капитални објекта во Прилеп
Во Прилеп два капитални објекта. Се гради ИКТ Центар - резервна варијанта за чување на лични и државни податоци во случај на катастрофи. Вреден е 3,5 милиони евра. Го финансира Европската унија. Пуштена во употреба и најголемата пречистителна станица за отпадните води...

ИКТ центарот во Прилеп, единствен во регионот, што почна да се гради е резервната варијанта за чување на значајните лични и државни податоци во случај на природни и катастрофи предизвикани од луѓето, констатираа на денешниот почеток на изградбата на Центарот на периферијата на Прилеп, владините и евро претставниците. Центарот вреден 3,5 милиони евра, го финансира Европската Унија, а ќе го користи Македонија.
Денеска е пуштена во употреба и најголемата пречистителна станица за отпадните води во Македонија. Капацитеот е за прочистување на отпадните води за потребите на 95.000 жители кои ќе добијат здрава животна средина, еколошки чисти производи и подобар живот за жителите од Пелагонискиот регион. Станицата чини 23 милиони евра, од кои преку 17 милиони се на ЕУ, а над 5 милиона евра се од буџетот на Македонија.
Проектот со пречистителната станица го почна претходната локална, а го заврши сегашната прилепска локална самоуправа.
Елизабета Митреска
