Димитров: Резолуцијата за Македонија во август
Во август европарламентарците ќе ја разгледуваат Резолуцијата за Македонија...

Мора да се искористи тајмингот за приклучување на Македонија во Европската унија. За ова ќе разговарам на средбите во Европскиот парламент, вели министерот Димитров и дополнува, во август европарламентарците ќе ја разгледуваат Резолуцијата за Македонија.
„Тајмингот е многу важен. Конечно ги отвораме европските порти. Тука сум да барам поддршка од Европскиот Парламнет, институција што долги години принципиелно стои зад нашите европски аспирации. Тајмингот одговара бидејќи овие денови почнува да се создава нацрт- резолуцијата за Македонија, што ќе се разгледува во август, прво во Комитетот за надворешна политика, а потоа и на пленарна седница. Ја користам приликата да се сретнам и со лидерствата на сите политички фамилии, моментот е многу важен, ќе барам од нив поддршка. Имаме важна историска шанса во регионот, убаво е да ни помогнат да ја завршиме работата“, изјави шефот на дипломатијата Димитров.
