АРМ со нови 125 професионални војници

04.07.2018 09:36

Свечена церемонија за прием на 125 професионални војници во редовите на Армијата. Ќе се обратат премиерот Заев и министерката Шекеринска...

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска ќе организираат свечена церемонија за прием на 125 професионални војници во редовите на Армијата.

Церемонијата ќе се одржи на платото пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ. Најавени се обраќања на претседателот на Владата, Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.