Повторно одложено судењето за смртта на малата Тамара
Во овој случај обвинети се 12 лица, повеќето лекари за „несовесно работење во службата“.

За 17-ти септември одложено е судењето во врска со смртта на Тамара Димовска од Велес, која во 2015-та година почина додека чекаше пари за операција во странство.
На денешното рочиште не присуствуваше обвинетиот Александар Стојановиќ, за кој судијата Марин Станевски истакна дека не примил уредна покана. Исто така, судијата на обвинетите Маја Парнарџиева- Змејкова и Шабан Мемети, им го достави обвинителниот предлог за тие да ја подготват одбраната.
Во овој случај обвинети се 12 лица, повеќето лекари за „несовесно работење во службата“.
Адвокатите на дел од обвинетие реагираа дека со обвинителниот акт не им се составени копиите од материјалните докази, кои се речиси на 10.000 страници.
И минатото, прво закажано рочиште беше одложено поради отсуство на повеќе обвинети лица.
