Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

04.07.2018 11:56

Земјотресот е почувствува во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во Скопје, Струга и Охрид.

Земјотрес претпладнево една минута по 11 часот е почувствуван во Македонија. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 170 километри западно од Скопје, во соседна Албанија.

Земјотресот е почувствува во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во Скопје, Струга и Охрид.

Албанските медиуи јавија дека земјотресот е со интензитет од 5,2 степени според Рихтер и е почувствуван во Црна Гора, во Косово, во Србија и во Македонија.